Говорно бирање
Остварете телефонски повик со изговарање на името што е зачувано во Контакти.
Бидејќи говорните команди се зависни од јазикот, пред говорното бирање,
одберете
Мени
>
Прилагодувања
и
Телефон
>
Прилаг. на јазик
>
Јазик на
телефонот
, и Вашиот јазик.
Забелешка: Користењето на гласовни ознаки може да биде тешко во
бучно опкружување или за време на итен случај, затоа не можете да се потпрете
исклучиво на гласовно бирање во сите околности.
1 Во почетниот екран, притиснете и задржете го десното копче за одбирање. Се
слуша краток тон, и
Зборувај после тонот
се покажува на екранот.
2 Кажете го името на контактот што сакате да го бирате. Ако препознавањето
на гласот е успешно, се прикажува листа од предложени совпаѓања. Уредот ја
пушта говорната команда од првото совпаѓање на листата. Ако тоа не е
правилната команда, скролувајте до друг запис.