Nokia 3710 fold - За Maps

background image

За Maps

Доколку имате достапни мапи во Вашиот уред или на вметната мемориска

картичка, можете да ги пребарувате без интернет конекција. Кога пребарувате во

некоја област која не е покриена од мапи кои се веќе даунлоадирани во Вашиот

уред, мапата за таа област автоматски ќе се даунлоадира преку интернет. Може да

Ви биде побарано да одберете пристапна точка која ќе ја користите со интернет

конекцијата.
Даунлоадирањето мапи може да вклучи пренос на огромни количини на податоци

преку мрежата на Вашиот обезбедувач на услуги. Контактирајте го Вашиот

обезбедувач на услуги во врска со наплаќањето за преносот на податоци.
Можете исто така да го користите Nokia Map Loader PC софтверот за да

даунлоадирате мапи во Вашиот уред. За да инсталирате Nokia Map Loader на

компатибилен компјутер, видете www.nokia.com/maps.
Одберете

Мени

>

Апликации

>

Мапи

и од следниве опции:

54 Мапи

background image

Последна мапа — Отворете ја последната прикажана мапа.

Најди адреса — Побарајте некоја одредена адреса.

Зачувани лока. — Пронајдете некоја локација која сте ја зачувале на Вашиот

уред.

Неодамне. лока. — Погледнете ги локациите кои сте ги пребарувале.

Мом. позиција — Погледнете ја Вашата моментна локација, доколку е достапна

GPS конекцијата.

Плани. маршута — Планирајте маршута.

Екстра услуги — Купете лиценца за навигација.

Прилагодувања — Дефинирајте ги прилагодувањата.
Скоро целата дигитална картографија е непрецизна и некомплетна до некој

степен. Никогаш не се потпирајте единствено на картографијата која што ја

даунлоадирате за употреба во овој уред.