Nokia 3710 fold - Наполнете ја батеријата

background image

Наполнете ја батеријата

Вашата батерија е делумно наполнет во фабриката. Ако уредот покажува дека има

малку енергија, направете го следново:
1 Поврзете го полначот со ѕидниот штекер.

2 Поврзете го полначот со уредот.

3 Кога уредот покажува дека е целосно наполнет, откачете го полначот од

уредот, а потоа од ѕидниот штекер.

Исто така можете да ја наполните батеријата со USB кабел, користејќи напојување

од компјутер.
1 Поврзете го USB кабелот во USB порт на некој компјутер и во Вашиот уред.

2 Кога батеријата е целосно наполнета, откачете го USB кабелот.
Доколку батеријата е целосно испразнета, можно е USB полнењето да не

функционира. Наместо тоа користете полнач.
Нема потреба да ја полните батеријата определен период на време, и можете да

го користите уредот додека се полни. Ако батеријата е целосно испразнета, може

да потрае неколку минути пред индикаторот за полнење да се појави на екранот

или пред да можат да се направат било какви повици.
Полнењето на уредот додека слушате радио може да влијае врз квалитетот на

приемот.

За почеток

9