Вметнете ја SIM картичката и батеријата
Забелешка: Исклучете го уредот и отстранете го полначот и кој било уред
пред да ги отстраните поклопците. Избегнувајте допирање на електронските
делови при промена на капаците. Секогаш чувајте и употребувајте го уредот со
поставени капаци.
SIM картичката и нејзините контакти може лесно да се оштетат од гребнатинки или
свиткување, затоа бидете претпазливи кога ракувате, ја вметнувате, или
отстранувате картичката.
1 Отворете го задниот поклопец, и отстранете го.
6
За почеток
2 Отстранете ја батеријата.
3 Отворете го држачот на SIM картичката. Внесете ја SIM картичка во држачот со
заоблениот агол свртен надолу и контактната површина свртена кон
контактите на уредот. Страната со заоблениот агол се вклопува во рамката од
уредот. Затворете го држачот на SIM картичката.
4 Подредете ги во паралела контактите на батеријата и вметнете ја батеријата.
За почеток
7
5 Наместете го капакот на батеријата на уредот, така што куките на горната
страна од капакот се во линија со соодветните отвори на уредот. Излизгајте го
задниот поклопец за да го затворите.