Nokia 3710 fold - Кодови за пристап

background image

Кодови за пристап

За да прилагодувате како Вашиот уред да ги користи кодовите за пристап и

безбедносните прилагодувања, одберете

Мени

>

Прилагодувања

и

Безбедност

>

Пристапни кодови

.

12 Вклучете го

background image

Безбедносниот код Ви помага да го заштитите Вашиот уред од неовластено

користење. Претходно наместениот код е 12345. Можете да го промените кодот

и прилагодете го уредот да го бара кодот. Некои операции бараат

безбедоносен код без оглед на прилагодувањата, на пример, ако сакате да ги

вратите фабричките прилагодувања. Кодот чувајте го во тајност и на безбедно

место подалеку од Вашиот уред. Ако го заборавите кодот и Вашиот уред е

заклучен, уредот ќе побара услуга и може да се применат дополнителни

трошоци. За повеќе информации, контактирајте со некој Nokia Care центар или

со дилерот на Вашиот уред.

PIN кодот, доставен со SIM картичката, Ви помага да ја заштитите картичката

од неовластена употреба.

PIN2 кодот, доставен со некои SIM картички, е потребен за пристап до одредени

услуги.

PUK и PUK2 кодовите може да бидат доставени со SIM картичката. Ако го

внесете PIN кодот неточно три пати по ред, ќе Ви биде побаран PUK кодот. Ако

кодовите не Ви се доставени, контактирајте со Вашиот обезбедувач на услуги.

Лозинката за забрани е потребна кога ја користите услугата за забрана на

повици за да ги забраните повиците до и од Вашиот уред (мрежна услуга).

За да ги видите или промените прилагодувањата на безбедносниот модул за

пребарувачот, одберете

Мени

>

Прилагодувања

и

Безбедност

>

Безбедносен модул

.